„Трамп се обидува да изеде цел слон во еден залак“

Од:

Азиските и европските пазари отворија со големи падови, бидејќи инвеститорите продолжуваат да реагираат на царините на Трамп.

Ерик Хирш, косопственик на американската инвестициска куќа Хамилтон Лејн, која управува со имот од повеќе од 850 милијарди долари, ја коментира ситуацијата за Би-Би-Си Њуз.

„Инвеститорите јасно ја обвинуваат американската влада за падовите“, рече Хирш, но додаде дека „многумина сè уште признаваат дека има сериозни трговски нерамнотежи кои треба да се решат“.

„Оваа администрација се обидува да изеде слон во еден залак, а пазарите не можат да се справат со такви шокови“, рече тој, а потоа додаде: „Имаме премногу променливи. Пазарите ги обработуваат сите овие информации во моментов, и тие го прават тоа со одење надолу“.

Би можело да ве интересира

Си-Ен-Ен: Трамп е во замка – нема добро решение за војната со Иран

Трамп верува дека во Иран се случила промена на режимот

Трамп: Иран ќе биде целосно уништен ако не попушти, НАТО не прави ништо

Иран: Трамп се обидува да купи време

Иранската револуционерна гарда се заканува со одмазднички напади доколку е погоден енергетскиот сектор на Иран

Трамп изјави дека САД размислуваат за „постепено намалување“ на операциите на Блискиот Исток