Трамп: Сакам вистински крај на нуклеарната програма на Иран, а не само примирје со Израел

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека сака „вистински крај“, што би вклучувало целосно откажување на Иран од својата нуклеарна програма, а не само примирје меѓу Техеран и Тел Авив.

„Не реков дека барам прекин на огнот“, им рече тој на новинарите во авионот враќајќи се од самитот на Г7 во Канада, од кој замина еден ден претходно.

Трамп нагласи дека верува оти Израел нема да престане да го напаѓа Иран, велејќи им на новинарите дека ќе ги знаат следните чекори утре и задутре, објави Си-Би-Ес.

Тој не ја исклучи можноста да го испрати специјалниот претставник Стив Виткоф, потпретседателот Џ.Д. Венс или двајцата, за да се сретнат со иранските преговарачи.

Би можело да ве интересира

Шефот на иранскиот парламент со закана до Трамп: „Око за око, без исклучоци“

А1он

„Едниствен победник од војната во Иран е Русија“

Како планира Иран да ја добие војната

Цените на нафтата нагло паднаа

(ВИДЕО) Трамп се заплетка со одговорот за училиштето во Иран: Не знам доволно

Катерина Ѓуровски

Војната во Иран брзо ги исцрпува американските залихи од напредно оружје