Трамп сака проширување на воените операции

Од:

Мали би можел да стане осмата земја што американскиот претседател Доналд Трамп би можел да ја нападне за време на неговиот втор мандат, пишуваат медиумите, повикувајќи се на неименувани извори.

Како што се забележува, администрацијата во Вашингтон ја разгледува можноста за извршување напад врз групата „Џамаат Нусрат ал-Ислам вал Муслимин“, која се претставува како дел од Ал-Каеда.

Доколку се донесе таква одлука, Мали ќе стане осмата земја во која Трамп, од почетокот на неговиот втор претседателски мандат, наредил воени напади.

Медиумите исто така пишуваат дека постојат несогласувања меѓу високите американски функционери околу тоа дали да се изврши напад врз оваа вооружена група. Меѓу оние кои ја поддржуваат таквата акција е и високиот директор за борба против тероризмот во Советот за национална безбедност на Белата куќа, Себастијан Горка.

Би можело да ве интересира

Трамп нуди поволности за Москва во мировниот договор за Украина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп веќе отворено ја брани Русија, Зеленски вели загубил територија и океани

Трамп сака свој океан, но „Гугл“ го одби барањето

Дмитриев: Одлуката на САД за суспендирање на санкциите против Русија е важен историски момент

Горан Наумовски

Трамп ги укина санкциите и царините кон Русија

Портпаролката на Трамп призна дека паднала на правосудниот испит