Трамп: Путин и Зеленски сакаат да постигнат договор

Од:

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес изјави дека и рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски изјавиле дека би сакале да постигнат договор за прекин на речиси четиригодишната војна.

Трамп им рече на новинарите во авионот враќајќи се од Давос дека Европа ќе биде дел од договорот, доколку тој се реализира, објави Гардијан.

Коментирајќи го состанокот на неговите претставници во Москва вечерва со рускиот претседател Владимир Путин, Трамп рече дека ќе го следи исходот од разговорите.

Пресудникот на американскиот претседател, Стив Виткоф, зетот на Доналд Трамп, Џаред Кушнер и функционер на Белата куќа, вечерва пристигнаа во Москва на разговори со рускиот претседател Владимир Путин.

Би можело да ве интересира

Сите го забележаа истото: Зошто Трамп на сите фотографии со балканските лидери има иста поза и лик?

Зеленски побара од Трамп да удри со санкции по руско-кинескиот „Starlink“

ВИДЕО: Трамп се закани со ограничување на извозот на дизел од САД, бара Европа да ослободи резерви

Седум сојузни американски држави го тужат Трамп

ВИДЕО: Трамп објави „морално обврзувачки“ договор со Google, Meta, OpenAI и Маск

ВИДЕО: Трамп вели дека „Канада е една од најлошите земји во светот“