Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека нуклеарната и ракетната програма на Северна Кореја бара „одлучен одговор“ и порача дека заврши „ерата на стратешкото трпение“ со Пјонгјанг.
– Ерата на стратешко партнерство со режимот на Северна Кореја е готова… Искрено немам повеќе трпение, посочи Трамп на заедничката прес-конференција со јужнокорејскиот колега Мун Џае-ин.
Трамп наведе дека САД соработуваат со Јужна Кореја и со Јапонија, како и со партнерите ширум светот за дипломатски, безбедносни и економски мерки со цел да ги заштитат сојузниците и граѓаните од опасноста што ја претставува Северна Кореја.
Тој додаде дека неговата цел е „мир, стабилност и просперитет“ во регионот, но предупреди дека САД секогаш ќе се заштитат себе си и своите сојузници.
Претседателот на САД сојузништвото со Јужна Кореја го оцени како „камен темелник на мирот и безбедноста во многу, многу опасен дел од светот“.