Трамп: Признавањето на Палестина е награда за Хамас

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека решението за две држави, или признавањето на палестинската државност во Обединетите нации, е „награда“ за палестинското милитантно движење Хамас, додека ги обвини членките на НАТО дека ја финансираат војната на Русија во Украина со купување руска нафта.

Во своето обраќање пред Генералното собрание на Обединетите нации, Трамп повика на прекин на огнот и крај на конфликтот во Појасот Газа, но изјави дека признавањето на палестинска држава „би било награда за ужасни злосторства“, во време кога Хамас „одбива да ослободи заложници или да прифати прекин на огнот“, објави CNN.

„Како да го охрабрат продолжувањето на конфликтот, некои членови на ова тело сакаат еднострано да признаат палестинска држава. Наградите би биле преголеми за терористите на Хамас, за нивните злосторства“, рече Трамп.

Би можело да ве интересира

Трамп: Почнуваме блокада на Хормуз, ова е меѓународна уцена

Што значи и што може да донесе пропаѓањето на преговорите меѓу Иран и САД

ВИДЕО: Реакцијата на Трамп на пропаднатите преговори

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пропаднаа преговорите: Американците си заминаа, Иран обвинува за неразумни барања

Стармер со критика: Семејствата страдаат поради политиките на Трамп и Путин

Трамп му постави нов ултиматум на Иран: Ги полниме бродови со муниција ако мировните преговори не успеат

Горан Наумовски