Трамп: Примив куршум за демократијата, а ме обвинуваат дека сум опасност за неа

Од:

Кандидатот на Републиканската партија на претстојните претседателски избори во САД, Доналд Трамп денеска ги отфрли обвинувањата дека е опасност за демократијата, велејќи дека минатата недела „примив куршум за демократијата“.

Говорејќи на првиот јавен собир на Републиканската партија откако беше ранет минатата недела, Трамп отфрли и каква било поврзаност со таканаречениот „Проект 2025“.

„Велат дека некои екстремни десничари создале Проект 2025, немам поим што е тоа. Тие велат дека сум опасност за демократијата, а минатата недела примив куршум за тоа“, рече Трамп.

Би можело да ве интересира

Трамп се предомисли, ќе гласа против заштитата на правата за абортус

САД: Трамп поддржа легализација на поседување и купување марихуана за лична употреба

Горан Наумовски

ВИДЕО: Харис ја зголеми предноста пред Трамп

Трамп ги обвини Бајден и Камала Харис за неодамнешниот обид за атентат врз него

Горан Наумовски

Трамп предупредува: Влегуваме во Третата светска војна

Против Трамп е покренато ново обвинение