Трамп предупредува: Кина и Русија не можат да го земат Гренланд, но САД можат

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Кина и Русија не можат да го земат Гренланд, но дека САД имаат капацитет да дејствуваат, доведувајќи ја во прашање способноста на Данска да ја заштити автономната територија.

Трамп рече дека САД имаат „многу добри односи со Данска“, но додаде дека Гренланд е стратешки важен за Америка.

„Ни треба Гренланд. Не можам да се потпрам на Данска“, нагласи Трамп.

Американскиот претседател изрази увереност дека ситуацијата ќе биде „решена некако“, пренесува Ројтерс.

– Проблемот е што Данска не може ништо да направи ако Русија или Кина сакаат да го окупираат Гренланд, но ние можеме да направиме сè. Тоа го дознавте минатата недела во случајот со Венецуела, нагласи Трамп.

Тој рече дека ќе видиме што ќе се случи и дека наскоро ќе биде информиран за исходот од состанокот, кој го одржаа потпретседателот на САД Џ.Д. Венс и државниот секретар на САД Марко Рубио со данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен и министерката за надворешни работи на Гренланд Вивијан Мотцфелд во зградата Ајзенхауер во Вашингтон.

Гренланд е автономна територија во рамките на Данска, но во последните месеци е во фокусот на вниманието на Трамп и американската администрација поради неговата стратешка важност за Арктикот и безбедноста на САД.

Би можело да ве интересира

Трамп: Сите наследници на ајатолахот се мртви – го „средив“ пред тој да ме „среди“ мене

ВИДЕО: Нови напади, Израел го бомбарира Техеран

ВИДЕО: Не прободеа во срце, ќе им вратиме исто – Али Лариџани веројатно новиот ирански лидер

(ВИДЕО) Поделен Иран: Прослави и солзи за убиството на ајатолахот

Катерина Ѓуровски

Убиен е шефот на иранската војска

ВИДЕО: Бројот на жртви во нападот врз училиштето во Иран се искачи на 118