Трамп предложил изградба на ѕид во Сахара за да се спречи илегалната миграција во Европа

Од:

Претседателот на САД, Доналд Трамп му предложил на шефот на шпанската дипломатија Жозеп Борел да подигне ѕид во Сахара за да ја запре илегалната миграција.

– Затворањето на пристаништата не е решение и изградба на ѕид во Сахара, како што неодамна ми предложи претседателот Трамп, исто така не е решение, истакна Борел.

Поранешниот претседатекл на Европски парламент не наведува кога го добил предлогот од Трамп. Борел само истакна дека на американскиот претседател му одговорил: „Знаете колкава е Сахара“.

Според официјалните податоци на Меѓународната организација за миграција од почетокот на годината во Европа преку Шпанија влегле над 38.000 мигранти. Шпанските енклави Сеута и Мелилја на африканскиот континент се заштитени со шестметарски ѕидови, но тоа не ги обесхрабрува мигрантите да се обидат да преминат на другата страна.

Сахара е долга околу 4.800 километри. Пустината речиси се протега низ целиот северен дел на Африка.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) После серија моќни торнада, 50 луѓе затрупани во урнатините во Мичиген

Горан Наумовски

Америка ја прекина испораката на бомби во Израел

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес