Трамп ѝ понудил на Украина гаранции моделирани според Членот 5 од НАТО

Од:

САД ѝ понудија на Украина безбедносни гаранции слични на оние според Член 5 на НАТО, но без формално да се приклучат кон Организацијата на Северноатлантскиот договор, соопштија дипломатски извори.

„Како една од безбедносните гаранции за Украина, американската страна понуди гаранција од типот Член 5, надвор од НАТО, со претходна согласност од (Владимир) Путин“, рече изворот.

Тој додаде дека Трамп ја дал понудата во телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски и дека подоцна била повторена во повикот со европските лидери. Изворот рече дека деталите за тоа каква ќе биде улогата на САД сè уште не се познати.

Според Член 5, напад врз една од 32-те членки се смета за напад врз целото НАТО.

„Ни треба долгорочна безбедност што ги вклучува и Европа и САД“, напиша Зеленски на X по телефонскиот повик. Тој нагласи дека само Украина може да одлучува за територијални прашања.

Италијанската премиерка Џорџија Мелони денес потврди дека Трамп и рускиот претседател Владимир Путин разговарале за безбедносни гаранции за Украина за време на нивниот состанок во Алјаска.

„Клучната поента се безбедносните гаранции што би спречиле руски инвазии во иднина и тоа е најинтересниот дел од разговорите во Анкориџ“, рече Мелони во соопштението.

Таа додаде дека Трамп го споменал претходниот италијански предлог за безбедносни гаранции за Украина „инспириран од Член 5 на НАТО“.

Британскиот премиер Кир Стармер ја поздрави подготвеноста на САД да обезбедат безбедносни гаранции за Украина како дел од секој договор за завршување на војната.

„Ова е важен чекор напред и ќе биде клучен за одвраќање на Путин“, рече Стармер.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Оштететениот руски танкер неконтролирано плови во Средоземното Море, влезе во либиски води

Путин му порача на Иран: Русија е со вас

Трамп изјави дека САД размислуваат за „постепено намалување“ на операциите на Блискиот Исток

Федерален суд нареди враќање на новинарите протерани од Пентагон

(ВИДЕО) Иран: Одмазда за братот Наини, горат американските и израелските бази, Трамп ќе има судбина како Садам

Омански министер тврди: Трамп ја изгуби контролата врз надворешната политика