Избраниот американски претседател Доналд Трамп, во петокот неколку часа откако Конгресот му ја потврди изборната победа, по средбата со челниците на американските разузнавачки агенции во неговото седиште во Њујорк, изјави дека на резултатите од претседателските избори на 8-ми ноември на кои ја порази демократската кандидатка Хилари Клинтон не влијаело никакво хакирање, откако администрацијата на неговиот претходник Барак Обама и од неа именуваните разузнавачки шефови ја обвинија Русија.
„Иако Русија, Кина и други земји, како и групи и поединци однадвор постојано се обидуваат да продрат во информатичката структура на институциите на нашите власти, нашите компании и организации како Демократската партија, тоа ама баш никако не влијаело на исходот од изборите, ниту имало манипулирање со електронското гласање“, изјави Доналд Трамп во соопштението издадено по средбата со разузнавачките челници.
Трамп го издаде соопштението откако ги добил информациите од разузнавачките челници за нивните заклучоци кои ги објавија првпат во октомври дека руската влада ги наредила кибернетичките напади кои ги посрамија демократите, алудирајќи дека Кремљ им помогнал на Трамп и на други републиканци на ноемвриските избори.
Русија последните седмици воопшто не одговара на ваквите наводи, откако претходно во неколку наврти категорично ги отфрли обвинувањата тврдејќи дека тие се темелат на произволни оцени и се без основа и докази.
За разлика од челниците на разузнавачките служби кои официјално ја обвинуваат Москва, Трамп конкретно не ја обвини Русија за информатичките напади врз системите на Демократската партија и на блискиот соработник на Хилари Клинтон.
„Имаше обиди за хакирање на Републиканската партија, но таа постави силна одбрана против хакирањата и хакерите не успеаја“, додаде Трамп.
Републиканскиот претседател кој должноста ќе ја преземе на 20-ти јануари, вети и план за сузбивање на информатичките напади во првите 90 дена од својот мандат.
Претходно во петокот Трамп, пред средбата со разузнавачките челници, ги отфрли контроверзиите околу наводното руско хакирање во текот на кампањата за претседателските избори нарекувајќи ги „лов на вештерки“, објави весникот The New York Times.
„Кина релативно неодамна хакираше 20 милиони владини имиња. Како тоа никој да не зборува за ова? Ове е политички лов на вештери“, изјавил Трамп во телефонскиот разговор за The New York Times.
„Не сакам другите држави да ја хакираат нашата држава“, додал Трамп и заклучил дека се „хакирани Белата куќа и конгресот“ и дека САД се „престолнината на хакирањето во светот“.
„Методите, алатите и тактиките со кои се служиме за да ја заштитиме Америка не смееме да ги откриваме, бидејќи тоа би им помогнало на оние кои сакаат да ни наштетат“, рекол Трамп.