Трамп по разговорите со Русите: Рејтингот на Зеленски е 4 проценти, мора да оди на избори

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп за првпат се огласи, опишувајќи ги преговорите меѓу руската и американската делегација во Ријад како „многу добри“ и ја критикуваше позицијата на Украина.

„Преговорите беа многу добри, Русија сака да направи нешто“, рече Трамп на прес-конференција.

Тој додаде дека станал „многу посигурен“ дека договорот за прекин на огнот во Украина е остварлив. Трамп ја поддржа и потребата од одржување избори во Украина, укажувајќи на ниското ниво на поддршка за Володимир Зеленски во земјата.

„Би рекол дека, знаете, кога тие (Украина) сакаат место на масата, може да се каже дека луѓето треба да кажат, помина долго време откако немавме избори“, истакна тој.

Трамп потсети дека немаше избори во Украина и дека рејтингот на Зеленски паднал на 4%. Тој, исто така, истакна дека прашањето за одржување на избори во Украина не е руско барање, туку е грижа на „многу“ земји.

Би можело да ве интересира

Трамп: Сите наследници на ајатолахот се мртви – го „средив“ пред тој да ме „среди“ мене

ВИДЕО: Нови напади, Израел го бомбарира Техеран

ВИДЕО: Не прободеа во срце, ќе им вратиме исто – Али Лариџани веројатно новиот ирански лидер

(ВИДЕО) Поделен Иран: Прослави и солзи за убиството на ајатолахот

Катерина Ѓуровски

Убиен е шефот на иранската војска

ВИДЕО: Бројот на жртви во нападот врз училиштето во Иран се искачи на 118