Трамп планира да потпише закон за санкции против кинески функционери

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп планира да потпише закон со кој се бараат санкции против кинески функционери одговорни за угнетување на ујгурските муслимани, изјави денеска извор запознаен со ова прашање.

Изворот не прецизираше кога Трамп би можел да го потпише законот, јавија светските агенции.

Предлог-законот, кој минатиот месец го усвоија двата дома на американскиот Конгрес со двопартиска поддршка, повикува на санкции против оние што се одговорни за репресија на Ујгурите и другите муслимански групи во кинеската провинција Синџијанг, каде Обединетите нации проценуваат дека повеќе од милион муслимани се во кампови.

Би можело да ве интересира

Поддржувачите на Трамп масовно го откажуваат Нетфликс

ВИДЕО: Кој победи во потпреседателската дебата во САД

Аналена Бербок: Трамп шири лажни вести за Германија, во наш интерес е да ги одржуваме врските со САД

Горан Наумовски

Трамп ја нарече Харис „ментално пореметена“ и „ментално хендикепирана“

Горан Наумовски

Се сретнаа Трамп и Зеленски

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Русија нема да победи му порача Бајден на Зеленски, украинскиот претседател на средба со Трамп

Катерина Ѓуровски