А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Свет

Трамп планира да го отежни тестот за американско државјанство

by А1он08/09/2025 - 07:19298
Share0

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира да го отежни тестот за добивање американско државјанство со воведување задолжителен есеј што би им овозможил на службениците широка дискреција при донесувањето одлуки, пишува „Аксиос“.

Добивај вести на вибер

Според американскиот портал, кој се повикува на извори запознаени со плановите, овој потег доаѓа откако службениците на администрацијата објавија зголемена контрола врз тоа дали кандидатите за државјанство го исполнуваат стандардот за „добар, морален карактер“.

Директорот на Службата за државјанство и имиграција на САД (USCIS), Џозеф Едлоу, за „Аксиос“ изјави дека верува оти администрацијата на поранешниот претседател Џо Бајден ги олабавила стандардите, што довело до поништување на некои претходни одобренија за државјанство.

Едлоу рече дека веќе упатил неколку случаи за одземање на државјанството до Министерството за правда, најавувајќи дека ќе упати уште.

Тој, исто така, нагласи дека сегашниот тест за државјанство е премногу лесен за положување.

„На крајот на краиштата, она што би сакал да го видам е премин кон стандардизиран тест каде што кандидатот оди во центар за тестирање, одговара на прашања и добиваме претстава дали разбира што се случува“, рече Едлоу.

Едлоу, исто така, рече дека би сакал да види прашања на тестот, или есејот, за „што значи да се биде Американец“, „кој бил вашиот омилен татко-основач“ или „нешто што ќе ја покаже вашата посветеност на Уставот на САД“.

Адвокатите за имиграција тврдат дека овие промени, како што се есејот или исполнувањето на критериумите за „добар, морален карактер“, додаваат поголема дискреција и произволност во процесот на државјанство, што би можело да доведе до зголемување на тужбите против USCIS во случаи на одбиени барања за државјанство,

drzavjanstvopasossad

Би можело да ве интересира

Аракчи: Нападите на САД и Израел врз нуклеарните постројки би можеле да го изложат регионот на зрачење

Горан Наумовски05/04/2026 - 20:49

Абдулахи до Трамп: Портите на пеколот ги чекаат агресорите

Горан Наумовски05/04/2026 - 20:18

„Епски бес“ без излез: Дали САД влегуваат во нов Виетнам?

Горан Наумовски05/04/2026 - 19:23

Документирани загуби на американските воздухопловни сили

Горан Наумовски05/04/2026 - 19:23

Иран тврди: „Соборивме американски Ц-130, соборивме и хеликоптери“

Горан Наумовски05/04/2026 - 19:20

Золфагари: Иран собори уште еден американски „Херкулес“

Горан Наумовски05/04/2026 - 18:47
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто