Трамп: Ова е историски ден, време е убиствата да престанат

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп, по стапувањето во сила на прекинот на огнот меѓу Либан и Израел, изјави дека ова би можело да биде „историски ден“ за Либан, истакнувајќи дека „се случуваат добри работи“.

Во објава на социјалните мрежи тој изрази надеж дека либанското милитантно движење Хезболах ќе се однесува одговорно за време на, како што го нарече, „важен период“.

„Би бил одличен момент за нив ако го сторат тоа. Крај на убивањето. Конечно, мора да има мир“, рече Трамп.

Десетдневниот договор за прекин на огнот меѓу Израел и Либан, кој Трамп претходно го објави, стапи на сила во четврток навечер.

Трамп претходно вчера објави дека Израел и Либан ќе започнат 10-дневен прекин на огнот, прецизирајќи дека прекинот на огнот ќе стапи на сила во четврток во 17 часот по источно време, односно 23 часот по централноевропско време.

Либанскиот претседател Џозеф Аун го поздрави договорот, додека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го нарече „историска“ можност за мир.

Хезболах, кој го поддржува Иран и вели дека ќе се придржува до договорот – со услови – продолжи да разменува удари со израелските сили пред прекинот на огнот, објави Би-Би-Си.

Би можело да ве интересира

Сите го забележаа истото: Зошто Трамп на сите фотографии со балканските лидери има иста поза и лик?

ВИДЕО: Трамп се закани со ограничување на извозот на дизел од САД, бара Европа да ослободи резерви

Седум сојузни американски држави го тужат Трамп

Пилоти се истепале во авион за Тел Авив: Израелците мислеле дека е киднапирање, кренале ловци

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп објави „морално обврзувачки“ договор со Google, Meta, OpenAI и Маск

ВИДЕО: Трамп вели дека „Канада е една од најлошите земји во светот“