Трамп „отвори“ веќе постоечка фабрика на „Епл“ во Тексас

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп се обиде да преземе заслуги за отворање погон на „Епл“, што работи со години, а потоа го обвини спикерот на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, за затворање на Конгресот.

– Денес отворив голема фабрика за„ Епл “во Тексас, која ќе ги врати високо платените работни места во Америка. Денес, Ненси Пелоси го затвори Конгресот затоа што не е заинтересирана за американски работници“, објави Трамп на Твитер.

Сепак, како што пренесуваат американски медиуми, ништо од тоа не се случило.

Наводно, Трамп посетил фабрика во Остин, Тексас, што го произведува МекПро за „Епл“ од 2013 година.

„Епл“ во септември објави дека ќе продолжи со производство на линијата МекПро во Остин, бидејќи администрацијата на Трамп се согласи да се откаже од царините за делови од Кина.Компанијата планира да го прошири бизнисот во Остин и соопшти дека почнале со изградба на нов кампус во тој град.

Претставничкот дом на Конгресот сепак, работеше по план донесувајќи закон за подршка на демонстрантите во Хонг Конг иако Трамп напиша дека Пелоси „го затворила Конгресот“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина