Трамп останува блокиран на Фејсбук и Инстаграм до 20 јануари, соопшти лично Закерберг

Од:

Фејсбук го блокира претседателот Доналд Трамп на своите платформи, вклучително и Инстаграм, на неодредено време, а најмалку до крајот на неговиот мандат и до предавањето на власта на 20 јануари, соопшти денеска лично основачот на социјалната мрежа Марк Закерберг.

– Шокантните настани во изминатите 24 часа јасно укажуваат дека претседателот Доналд Трамп остатокот од своето време во Белата куќа има намера да го користи за поткопување на мирниот и законски трансфер на власта на неговиот наследник Џо Бајден, напиша Закерберг во статус на социјалната мрежа.

Tој додава дека ризиците поврзани со користењето на услугите на неговата компанија од страна на Трамп се преголеми.

– Затоа го продолжуваме блокирањето на неговите налози на Фејсбук и Инстаграм на неодредено време, барем во следните две недели додека не е спроведен мирен трансфер на власта, напиша Загерберг.

Би можело да ве интересира

Макрон: Пред нас се 90 дена полни со неизвесност

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“

Кина ги зголеми царините за американскиот увоз на 125 отсто

Горан Наумовски

Си Џинпинг: Кина не се плаши и нема да попушти пред неправедната репресија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина гради многу воени бродови со неверојатна брзина, Пентагон е во шок