Трамп одобри ЦИА да извршува напади со дронови

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп даде овластување ЦИА да може да извршува напади со дронови, јавија американски медиуми.

ЦИА извршила прв таков напад минатиот месец против лидер на Ал Каеда во Сирија, објави „Волстрит џурнал“ цитирајќи неименуван извор од администрацијата.

Нападите со дронови за време на Барак Обама беа извршувани од армијата, додека ЦИА можеше да ги користи за разузнавачки операции.

Администрацијата на Трамп разгледува нови можности за релаксирање на дрон програмата, што беше под рестрикции за напади поради превенција на цивилни жртви, објави „Вашингтон пост“.

Би можело да ве интересира

За се виновни се САД: Работа е запрена, отпуштањата се неизбежни

Иран го отфрли директниот дијалог со САД: Не ја гледаме поентата

Најмалку 17 лица загинаа во невремето во САД

Урсула фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки

САД не и воведоа нови царини на Русија бидејќи не било соодветно додека траат преговорите за Украина

Горан Наумовски

Кина ја повика Америка на „еднакви консултации“ за царините