Трамп од Орбан побарал укинување на ветото за членство на Украина во ЕУ

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп во телефонски разговарал со унгарскиот премиер Виктор Орбан за да го придобие во поддршката за членство на Украина во Европската Унија, Објави „Блумберг“, повикувајќи се на извори запознаени со разговорот.

Разговорот уследил по средбата во Белата куќа меѓу Трамп и европските лидери, на која присуствуваше и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Европските претставници го замолиле американскиот лидер да ја искористи својата блискост со Орбан за да го убеди да се откаже од ветото на украинското членство во ЕУ – цел што Киев одамна ја посакува.

Унгарија изразила подготвеност да биде домаќин на следниот самит, на кој би учествувале Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин. Трамп ја поддржал идејата за ваква средба, по која би следел и трилатерален состанок меѓу двајцата лидери и американскиот претседател. Засега не се познати времето и местото на одржувањето.

Весникот „Политико“ јави дека Белата куќа разгледува можност трилатералната средба меѓу Трамп, Путин и Зеленски да се одржи во Будимпешта.

Би можело да ве интересира

Претстои нова рунда преговори за завршувањето на војната во Украина, потврди Москва

A1on

Орбан предупреди: На Унгарија ѝ се заканува враќање во должничко ропство

Лондон подготвува санкции за израелските населби, Трамп не се спротивстави

Вајдел по разговорот Путин – Трамп: „Со нас сè ќе се промени“

Горан Наумовски

Путин, Трамп и Си на иста маса – Москва не ја исклучува можноста

Трамп со жестока порака за Шпанија: „Имате нула контрола врз границите“