Трамп: Нетанјаху е одличен партнер за мене

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денес го нарече израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одличен партнер, објави Си-Ен-Ен.

– Биби Нетанјаху е одличен партнер за мене. Не толку одличен за другите луѓе, но многу одличен за мене, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба на Белата куќа.

Зборувајќи за војната меѓу САД и Израел против Иран, Трамп рече дека на Израел му „им биле потребни“ Соединетите Држави.

„Тие не можеа да го сторат тоа без нас, дури ни блиску, и им бевме потребни и ја добија нашата помош за вистински проблем, бидејќи Иран е вистински проблем“, рече Трамп, велејќи дека има добри односи со Нетанјаху, и покрај повремените разлики околу темпото и обемот на воените операции.

Би можело да ве интересира

Поддршката за Трамп падна на најниско ниво

ВИДЕО: Тоа што го прави Русија во Украина е во ред, вели Трамп

Трамп нуди поволности за Москва во мировниот договор за Украина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп веќе отворено ја брани Русија, Зеленски вели загубил територија и океани

Трамп сака свој океан, но „Гугл“ го одби барањето

Дмитриев: Одлуката на САД за суспендирање на санкциите против Русија е важен историски момент

Горан Наумовски