Трамп: Не сакам да започнам војна со Иран

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп му порачал на вршителот на должноста секретар за одбрана на САД, Патрик Шанахан дека не сака да започне војна со Иран, тврди „Њујорк Тајмс“.

Според весникот, ова Трамп му го рекол на Шанахан вчера за време на брифинг во Белата куќа, посветен на последниот развој на настаните во реонот на Персискиот Залив и зголемените тензии во односите меѓу САД и Иран.

„Њујорк Тајмс“ наведува дека на брифингот претставници на разузнавачките служби на САД го информирале Трамп дека Иран распоредил ракети на мали бродови стационирани во Персискиот Залив, што поттикнало стравувања дека иранските сили се подготвуваат за напад врз американски војници и интереси во регионот.

– На брифингот генералите не изнеле нови информации, што би можеле да бидат причина за воен напад врз Иран, наведува њујоршкиот весник, повикувајќи се на извор присутен на состанокот. Според „Њујорк Тајмс“, Трамп на брифингот бил категоричен дека не сака воена акција.

Инаку, Трамп денеска во Белата куќа се сретна со швајцарскиот претседател Уели Маурер. Како што јави ДПА, при дочекот на швајцарскиот колега, новинар го запрашал Трамп „дали САД ќе започнат војна со Иран“, на што тој кусо одговорил: „Се надевам не“.

Трамп вчера во објава на Твитер изрази уверување дека „Иран наскоро ќе сака да разговара“ со САД.

Односите меѓу Вашингтон и Техеран се влошија минатата година, кога Белата куќа донесе одлука за повлекување на САД од Договорот за иранската нуклеарна програма и ги обнови санкциите кон Иран, кои вклучуваат и забрана за извоз на иранска нафта.

Последниве недели САД го засилија своето воено присуство во Персискиот Залив, испраќајќи дополнителен број воени бродови.

Би можело да ве интересира

Ајатолахот Али Хамнеи е во кома и неговата здравствена состојба е исклучително сериозна

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Во Иран се планираат клиники за убедување на жените кои одбиваат да носат хиџаб

А1он

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Камала Харис го призна поразот

Предраг Петровиќ

Неизвесна судбината на иранската студентка

А1он