Трамп: Не ни требаат луѓе кои се приклучуваат во војни откако веќе победивме

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Велика Британија сериозно размислува да испрати два носачи на авиони на Блискиот Исток, но дека не ѝ се потребни во војна против Иран.

– Обединетото Кралство, нашиот некогашен голем сојузник, можеби најголемиот од сите, конечно сериозно размислува да испрати два носачи на авиони на Блискиот Исток. Точно така, премиере Стармер, повеќе не ни се потребни – но ќе ги паметиме. Не ни требаат луѓе кои се приклучуваат во војни откако веќе сме победиле, напиша Трамп на својата социјална мрежа Вистина.

Владата на Велика Британија не се придружи на офанзивните операции против Иран, ниту даде никакво ветување дека ќе го стори тоа, пренесува Би-Би-Си.

Претходно, носач на авиони беше ставен во состојба на готовност во случај да треба да се распореди во регионот. Велика Британија им дозволи на САД да ги користат нејзините бази за одбранбени операции.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хемиска фабрика погодена во Израел, прогласен е „инцидент со опасни материи“

Смртта на ајатолахот Хамнеи може да ја промени нуклеарната доктрина на Иран

Тежок удар за САД: Иран уништи клучен авион AWACS

Иран: Подготвени сме за американските трупи, ќе ги запалиме

Иран се заканува со напади на американски и израелски универзитети во регионот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пентагон се подготвува за повеќенедели копнени операции во Иран, пишува Вашингтон Пост