Трамп не е загрижен поради истрагата за импичмент

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека не е загрижен поради истрагата за импичмент, како и од тоа дека претстојат јавни сослушувања на сведоци во Конгресот, пренесоа светските агенции.

Претседателот пред новинарите во Белата куќа ги отфрли досега протечените сознанија од официјални лица, кажани на затворени седници, и ги искритикува демократите од Претставничкиот дом за тоа дека од следната недела овие сослушувања ќе станат и јавни. -Не треба да се организираат јавни сослушувања, тоа се бројки, рече Трамп.
Претседателот ги обвини демократите дека бараат луѓе кои ќе покажат кон него, и изјави дека дури не ни ги познава повеќето од сослушаните сведоци.

-Од ништо не сум загрижен. Нема никаков проблем со сведочењата. За поголем дел од луѓето кои сведочеа дури не сум ни слушнал, изјави Трамп пред репортерите во Белата куќа.

Истражителите од Претставничкиот дом се уште сакаат да ги слушнат сведочењата и на некои сведоци зад затворени врати, вклучувајќи го и шефот на канцеларијата на Трамп, Мик Малвејни, кој вчера беше повикан, но денеска не се појави на сослушување.

Белата куќа соопшти дека нема да соработува во истрагата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски