Трамп: Навреден сум што Путин ја поддржа Камала на претседателските избори

Од:

Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат во ноември, Доналд Трамп изјави дека е навреден од изјавата на рускиот претседател Владимир Путин за поддршка на демократската кандидатка Камала Харис.

Како што јави ТАСС, рускиот лидер оваа недела иронично изјави дека откако американскиот претседател Џозеф Бајден беше „повлечен“ од претседателската трка, Москва ја поддржа Камала Харис.

Путин додаде дека изборот е на американскиот народ.

„Го познавам Путин. Го познавам многу добро. Знаете тој ја поддржа Камала! Тоа многу ме навреди. Се прашувам зошто ја поддржува Камала“, рече Трамп на митингот во Висконсин, додавајќи дека можеби тоа било кажано на шега.

Трамп претходно ги опиша Путин, кинескиот претседател Си Џинпинг и турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган како шахисти од светска класа.

Би можело да ве интересира

Основните царини на Трамп стапија на сила

Таткото на Илон Маск: Би било глупаво да не му се восхитуваме на Путин

А1он

Кремљ: Путин и Трамп веќе нема да разговараат по телефон

Кина го возвраќа ударот, воведува царина од 34 отсто на американски стоки

ВИДЕО: Потоп на берзите поради тарифите на Трамп, збришани 2.400 милијарди долари

Мелони: Новите американски царини за ЕУ ​​се грешка