Трамп наскоро повторно ќе држи предизборни митинзи

Од:

Во наредните две недели актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп, планира да продолжи да одржува митинзи како дел од кампањата за претседателските избори во ноември, изјави неименуван службеник задолжен за изборната кампања на Трамп.

Поради пандемијата на коронавирусот, последниот таков собир Трамп го одржа на 2 март во Шарлот, во сојузната држава Северна Каролина, а неговите соработници тврдат дека тој едвај чекал да почне повторно теренската кампања,јавија американски медиуми.

Сепак, не е јасно кога и каде ќе се одржи следниот предизборен митинг, а тој функционер вели дека, заради Ковид-19, се уште се прават мерки за заштита на оние кои ќе присуствуваат.

Менаџерот за кампања на Трамп, Бред Парскале, ќе претстави одредени опции на Трамп во наредните денови во врска со организирањето на тие митинзи, а поради рестриктивните мерки што се уште се во сила во Северна Каролина, не е можно во Шарлот да се свика конвенција каде Републиканската партија треба да го назначи Трамп за свој претседател

Затоа, според еден од советниците ангажирани во кампањата за Трамп, сегашниот претседател и Националниот комитет на републиканците се за идејата за одржување во Џексонвил, Флорида, затоа што очекуваат поголем собир.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски