Американскиот претседател Доналд Трамп издаде наредба за отпочнување на кампања за уништување на џихадистите од групата Исламска држава (ИД) во Ирак и Сирија, изјави секретарот за одбрана на САД, Џејмс Матис.
Според првиот човек на Пентагон, со стратегијата на оваа кампања силите на антиџихадистичката коалиција, предводна од САД, во иднина пред за извршат воздушни напади врз позициите на ИД, прво ќе ги опколуваат тие региони, со цел да им оневозможат на џихадистите да побегнат и да се прегрупираат на друга локација.
– Со други зборови, наша цел е да не дозволиме странските џихадистички борци да се извлечат или бројката на оние што ќе успеат да побегнат да се сведе на најмала можна мерка, изјави синоќа Матис на прес-конференција во Пентагон.
Тој нагласи дека странските борци во редовите на ИД ќе претставуваат „стретешка закана, дококу се вратат во Тунис, Куала Лумпур, Париз, Детроит или на други места“.
Матис додаде дека опколувањето на џихадистите пред да бидат нападнати е една од двете иницијативи на Трамп во рамки на планот за засилување на борбата против ИД, што кон крајот на февруари го изработил Пентагон.
– Втората иницијатива на претседателот е да се делегираат поголеми надлежности на командантите на воените оепрации, со цел да се скрати рокот за донесување одлуки, истакна Матис.