Трамп нападот во Лондон го нарече масакр

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп нападот во Лондон го нарече масакр и изјави дека САД ќе сторат се што е во нивна моќ за да и помогнат на Велика Британија да ги изведе виновниците пред суд.

– Ова крвопролевање мора да запре. На ова крвопролевање ќе му биде ставен крај, рече Трамп во куса изјава по гала вечерта во театарот „Форд“ во Вашингтон, каде е убиен Абрахам Линколн.

– САД ги испраќа нашите мисли и молитви и најдлабоко сочуство кон жртвите на тој масакр. Повторно ја изразуваме нашата одлучност, посилна од кога и да е, да ги заштитиме САД и нивните сојузници од подлиот непријател, кој води војна против невини. Таа трае премногу долго. Јас како претседател ќе сторам се што е потребно, за да ја спречам таа закана да се прошири на наша тетиорија. Ќе работам секој ден за да ја заштитам безбедноста на нашата земја, нашата заедница, нашиот народ, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Што сака Украина да постигне со мировните преговори во Саудиска Арабија

Катерина Ѓуровски

Не ни требаат вашите автомобили, дрво и нафта, набрзо ќе видите – Трамп им се закани на Канаѓаните

Гренланд утре оди на клучни избори

(ВИДЕО) Трамп: Украина може да не преживее дури и со американска помош

Катерина Ѓуровски

Орбан: Унгарија има добри шанси да постигне договор со Вашингтон

Горан Наумовски

Кина му одговори на Трамп: Ние сме подготвени да се бориме до крај