Трамп најави напади врз Венецуела: „Копнена акција доаѓа многу наскоро“

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД се подготвуваат за нова акција против наводните мрежи за трговија со дрога во Венецуела.

За време на телефонскиот разговор со припадници на вооружените сили за Денот на благодарноста, тој рече дека копнените операции ќе започнат „многу наскоро“, пишува CNN.

„Во последните недели работевте на одвраќање на венецуелските трговци со дрога, кои ги има многу. Секако, веќе не доаѓаат многу од нив по море“, им рече Трамп на војниците.

„Веројатно забележавте дека луѓето повеќе не сакаат да се занимаваат со превоз по море и ние ќе почнеме да ги запираме по копно“, продолжи претседателот.

Коментарите на Трамп укажуваат дека тој донел одлука за понатамошни чекори во Венецуела по серија состаноци на високо ниво и демонстрација на американската воена моќ во регионот претходно овој месец.

Трамп ги прогласи венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговите владини сојузници за членови на странска терористичка организација.

Означувањето на таканаречениот „Картел де лос Солес“ – фраза за која експертите велат дека опишува повеќе наводно корумпирани владини функционери отколку група на организиран криминал – како странска терористичка организација му дава на Трамп овластување да воведе нови санкции насочени кон средствата и инфраструктурата на Мадуро. Сепак, според правните експерти, таа одлука не овластува изрично употреба на смртоносна сила.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп не трпи новинарски прашања: Глупава, личност со низок коефициент

Рускиот дизел утре тргнува за Америка

ВИДЕО: „Време е да се каже отворено, Доналд е виновен за цените на горивата“

НАТО стравува дека Трамп ќе ја принуди Украина на понижувачки мир со Русија

Трамп: Киев ќе паднеше за еден ден да не беше еден многу глупав руски генерал

(ВИДЕО) Трамп збесна на новинар: Тишина, тишина, дали си ти болен

Катерина Ѓуровски