Трамп: На американските банки не им е дозволено да работат во Канада

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа Truth Social напиша дека на американските банки не им е дозволено да работат во Канада, додека банките од таа земја слободно го преплавуваат американскиот пазар.

Шеснаесет американски банки во моментов работат во Канада, објави претходно Канадското банкарско здружение, како што пренесе Ројтерс.

– Овие банки се специјализирани за низа финансиски услуги, вклучувајќи корпоративни и комерцијални заеми, трезорски услуги, производи со кредитни картички, инвестициско банкарство и хипотекарно финансирање – се вели во соопштението.

Се додава дека овие банки не опслужуваат само клиенти со прекугранични деловни активности, туку и канадски домашен пазар на мало.

„Американските банки сега имаат половина од сите средства на странски банки во Канада“, соопшти здружението.

Новите царини од 25 отсто што ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп за увоз од Мексико и Канада стапија на сила утринава, заедно со удвојување на царините за кинески стоки на 20 отсто, што доведе до нови тензии меѓу САД и нивните три најголеми трговски партнери, забележува Ројтерс.

Би можело да ве интересира

Анкета: Рејтингот на Трамп падна на ново најниско ниво

Шеширот и облеката на Меланија во Британија привлекоа внимание

(ВИДЕО) Трамп пристигна кај кралот Чарлс, се возеа во златна кочија, беше организирана раскошна церемонија

(ВИДЕО) Претседателскиот авион на Трамп избегна судар со патнички авион

Горан Наумовски

ВИДЕО: Британија го пречека Трамп со негови слики со Епштајн на замокот Виндзор

Катерина Ѓуровски

Зеленски е подготвен за средба со Путин со посредство на Трамп