Трамп му се закани на Хамас

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп му се закани на Хамас со „конечно предупредување“ и го повика да ги ослободи сите заложници што ги држи во Газа.

Шалом, Хамас значи здраво и збогум – имате избор. Ослободете ги сите заложници сега, не подоцна и веднаш вратете ги сите тела на луѓето што ги убивте, или за вас е крај“, напиша Трамп на неговата социјална мрежа.

„Само болни и развратни луѓе ги чуваат телата, а вие сте болни и развратни. Му испраќам на Израел се што му треба за да ја заврши работата, ниту еден член на Хамас нема да биде безбеден ако не го направите тоа што ви го кажувам“, рече Трамп.

Соопштението дојде откако Трамп се сретна со група заложници во Белата куќа кои неодамна беа ослободени со прекин на огнот.

Инаку, ова не е првпат Трамп да му се заканува на Хамас. Во декември тој рече дека „ќе плати пеколна цена“ доколку заложниците не бидат ослободени до моментот кога тој ја презеде функцијата.

Во меѓувреме, портпаролката на Белата куќа Каролина Левит потврди дека САД директно преговараат со Хамас за да се обидат да обезбедат ослободување на заложниците. Пред разговорите беше консултиран Израел, додаде таа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Израел објави ново видео: Разнесени се ирански бункери за лансирање ракети и дронови

Израелската армија тврди дека се убиени високи ирански разузнавачки службеници

Нов бран ирански напади врз Израел и Кувајт

Нов ирански напад, сирени во Израел и Кувајт: Тел Авив возвраќа со напади врз Либан

Израел го уби лидерот на Хезболах

Трамп: Сите наследници на ајатолахот се мртви – го „средив“ пред тој да ме „среди“ мене