Трамп му постави ултиматум на Иран: „Само безусловно предавање“

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека САД нема да постигнат договор со Иран освен со „безусловно предавање“, додавајќи дека потоа, со изборот на „одличен и прифатлив лидер“, ќе работи со сојузниците на економското зајакнување и закрепнување на Иран.

Трамп, во објава на неговата социјална мрежа Truth Social, изјави дека САД, заедно со „своите прекрасни и храбри сојузници и партнери“, ќе работат неуморно за да го извлечат Иран „од работ на колапс“ и да ја направат земјата „економски поголема, подобра и посилна од кога било“.

„Иран ќе има одлична иднина. Да го направиме Иран повторно голем (MIGA)!“, рече Трамп.

Соединетите Американски Држави и Израел го нападнаа Иран во саботата, 28 февруари, во она што го нарекоа „превентивни напади“, кои дојдоа по неуспехот на повеќе рунди преговори за нуклеарната програма на Иран. Потоа Иран започна масовни одмазднички напади против Израел и цели поврзани со САД низ регионот на Блискиот Исток.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп им се потсмева на Иранците: „Никој не сака да биде следен врховен лидер“

Убиени се деца во најновиот напад на САД и Израел врз централен Иран

Тасним: Иран мобилизира повеќе од милион борци за можен копнен конфликт со САД

Израел се откажa од елиминирање на иранските функционери: „Нема да остане никој за да се разговара“

Двајца загинати во Абу Даби од остатоци од соборена иранска ракета

Резаи: Ракетите ќе преговараат со Трамп