Трамп му честита на Нетанјаху за „најдолгиот премиерски стаж во историјата на Израел“

Од:

Америкaнскиот претседател Доналд Трамп испрати честитки до премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, за најдолгиот премиерски стаж во историјата на таа земја.

– Честитки до Биби за тоа што стана премиер со најдолг стаж на таа функција во историјата на Израел. Под твое лидерство Израел стана технолошка и економска сила од светски ранг, напиша синоќа Трамп на својот Твитер налог.

Нетанјаху му одговори на американсиот претседател за „топлите зборови, исклучителната поддршка и неверојатното пријателство“.

Под власта на Трамп, сојузништвото меѓу Израел и САД постигна нови височини откако администрацијата во Вашингтон го призна Ерусалим за престолнина на Израел и отвори своја амбасада таму, а Голанската Висорамнина за израелска територија.

Нетанјаху одговори со именување населба во Голанската Висорaмнина во името на Трамп.

За Ерусалим, Палестинците реагираа гневно, подгревајќи ја и онака тензичната состојба во регионот. ЕУ и Турција го критикуваа актот на признавањето на окупираната територија.

Инаку, викендов, должината на премиерството на Нетанјаху надмина 13 години. Од 1996 до 1999 година служеше како најмладиот избран премеир на Израел. Повторно беше избран во 2009 година, и оттагаш остана на чело на Владата.

Но Нетанјаху се соочува со политички проблеми. По изборите годинава во април, неговата партија не успеа да формира коалициска влада и затоа тој свика нови избори кои треба да се одржат на 17 септември.

Во меѓувреме Нетанјаху е под истрага по обвинувања за корупција.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел