Трамп: Можеби ќе разговарам со Путин за „Томахавките“, тие се уште еден агресивен чекор

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека би можел да разговара со рускиот претседател Владимир Путин за можната испорака на крстосувачки ракети „Томахавк“ во Украина, објави „Политико“.

„Искрено, можеби ќе треба да разговарам со Русија за „Томахавките“. Дали сакаат тие ракети да летаат во нивна насока? Не мислам така. Мислам дека би можел да разговарам со Русија за тоа, искрено. Му кажав на претседателот Зеленски за ова, бидејќи „Томахавките“ се уште еден агресивен чекор, рече Трамп.

Трамп додаде дека би можел да го предупреди рускиот претседател дека САД нема да ја исклучат испораката на овие ракети во Киев ако борбите во Украина не престанат.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека разговарал со Трамп за испораката на ракетите „Томахавк“ како форма на притисок врз Москва.

„Гледаме и слушаме дека Русија се плаши дека Американците би можеле да ни дадат „Томахавки“. Ова е сигнал дека таков притисок би можел да успее“, рече Зеленски.

Би можело да ве интересира

Што значи и што може да донесе пропаѓањето на преговорите меѓу Иран и САД

ВИДЕО: Реакцијата на Трамп на пропаднатите преговори

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пропаднаа преговорите: Американците си заминаа, Иран обвинува за неразумни барања

Зеленски: Украинските сили соборија беспилотни летала „Шахед“ за време на војната во Иран

Стармер со критика: Семејствата страдаат поради политиките на Трамп и Путин

Трамп му постави нов ултиматум на Иран: Ги полниме бродови со муниција ако мировните преговори не успеат

Горан Наумовски