Трамп може да биде отповикан пред Бајден да стапи на функцијата

Од:

Демократската претставничка во Конгресот, Илхан Омар, најави дека ќе достави предлог за отповикување на претседателот Доналд Трамп, 13 дена пред закажаната инаугурација на избраниот претседател Џо Бајден.

– Не можеме да дозволиме да остане на функција, поради зачувување на нашата Република и мораме да ја исполниме нашата заклетва, напиша Омар на Твитер.

Директорот на големата американска бизнис група, во која членуваат 14.000 компании, меѓу кои и Ексон, Фајзер, Тојота, Џеј Тимонс, упати апел властите да ја разгледаат можноста за смена на Трамп откако неговите приврзаници вчера упаднаа во Конгресот.

Тој наведе дека Трамп „поттикнувал насилство во обид да остане на власт и секој лидер кој го брани, ја крши заклетвата за почитување на Уставот и ја отфрла демократијата поради анархија“.

– Потпретседателот Мајк Пенс треба да ја разгледа можноста за покренување на 25-от амандман од американскиот Устав поради зачувување на демократијата, посочи Тимонс.

Дваесет и петтиот амандман предвидува претседателските овластувања да се пренесат на потпретседателот ако неговиот кабинет заклучи дека претседателот поради физички или ментални причини не е во состојба да ја извршува својата работа. За тоа да се случи неопходно е потпретседателот и мнозинството да го прогласат претседателот за неспособен за извршување на функцијата. Во случај ако претседателот ги отфрли таквите тврдења, тогаш неопходно е две третини од Претставничкиот дом и од Сенатот да гласаат за поставување на потпретседателот за претседател.

Би можело да ве интересира

Трамп не ја сака Хејли за потпретседател, ѝ посакува се најдобро

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас

Америка: Скијачи загинаа во лавина на планината Лон Пик во Јута

Брнс се врати во Каиро за да преговара за прекин на огнот во Појасот Газа

(ВИДЕО) После серија моќни торнада, 50 луѓе затрупани во урнатините во Мичиген

Горан Наумовски

Америка ја прекина испораката на бомби во Израел