Трамп: Мировен договор е подобро од прекин на огнот

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи на Truth Social по она што го нарече „одличен и многу успешен ден во Алјаска“.

Трамп рече дека неговата средба со рускиот претседател Владимир Путин „поминала многу добро“, како и телефонскиот разговор доцна во ноќта со украинскиот претседател Володимир Зеленски и „различни европски лидери, вклучувајќи го и високо почитуваниот генерален секретар на НАТО“.

„По повикот, сите се согласија дека најдобриот начин да се стави крај на оваа ужасна војна меѓу Русија и Украина е да се склучи директен мировен договор, а не само прекин на огнот, кој често не функционира“, напиша Трамп.

Тој потврди дека Зеленски ќе се сретне со него во Овалната соба во понеделник попладне.

„Ако сè оди добро, тогаш ќе договориме средба со претседателот Путин“, додаде Трамп.

Тој ја заврши својата објава со пораката: „Потенцијално, милиони животи би можеле да бидат спасени. Ви благодарам за вашето внимание!“

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украина го одби американскиот план

ВИДЕО: Кушнер со визија за нова безбедносна карта на Европа, дипломатите сè уште се обидуваат да ја разберат

Катерина Ѓуровски

Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

ВИДЕО: Зетот на Трамп бара нов безбедносен договор на преговорите за Украина

ВИДЕО: Трамп нарече глупак новинар кој го праша до кога ќе му попушта на Путин

(ВИДЕО) Републиканец покрена импичмент на Хегсет: Можеби сега ќе ги нарекува луѓето дебели и пе*ери“