Трамп: Ми беше чест да го отпуштам Матис

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека бил почестен што во 2018 година го отпушти поранешниот секретар за одбрана Џејмс Матис и дека тоа веројатно била единствената заедничка работа што ја имал со поранешниот претседател Барак Обама.

Тој тоа го напиша на Твитер по повод изјавата на Матис дека Трамп сака да ги подели САД и осудата по повод најавата за употреба на армијата како одговор на граѓанските немири.

Трамп рече дека му дал нов живот на Матис, и дека наместо да ги прави вистинските работи и „да води победнички битки“, тој „„дома ретко носел сланина“.

“Веројатно единствената работа што Барак Обама и јас имаме заедничко е дека двајцата имавме чест да го отпуштиме Џејмс Матис, најпреценетиот генерал во светот. Ја побарав негова оставка и се чувствував одлично заради тоа. Неговиот прекар беше „хаос “, што не ми се допадна и го сменив во „бесното куче“. Ми беше мило што си замина“, напиша Трамп на Твитер.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски