Трамп: Макрон сака да ме држи за рака

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ја спомена неговата неодамнешна посета на Париз, изјавувајќи дека неговиот француски колега сака да го држи за рака.

– Макрон е одличен дечко, интелегентен, силен и сака да ме држи за рака, изјави Трамп за Њујорк Тајмс.

– Луѓето не сфаќаат колку тој сака да ме држи за рака и тоа е добро, рече американскиот претседател и повтори дека Макрон е „навистина добра личност.“

– Строг е, но мора така. Мислам дека ќе биде супер претседател на Франција, рече Трамп.

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија на 14. јули беа почесни гости на традиционалната воена парада во Париз по повод одбележувањето на Денот на падот на Бастиља.

За воената парада, Трамп изјави дека била најубавата која што некогаш ја видел, а тој ја спомена и вечерата во ресторанот на Ајфеловата кула, велејќи дека никогаш не видел толку многу луѓе пред неа, како таа вечер.

Би можело да ве интересира

Си Џинпинг: Кина не се плаши и нема да попушти пред неправедната репресија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина гради многу воени бродови со неверојатна брзина, Пентагон е во шок

Хамас: Француското признавање на палестинската држава до јуни би било важен чекор

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Хегсет за преместувањето на американските бомбардери на Блискиот Исток: Иран нека сфати каква е пораката

Трамп: Сè ќе цвета наскоро