Американскиот претседателот, Трамп изјави дека гувернерот на сојузната држава Њујорк, Ендрју Куомо, чија рекција на избувнувањето на коронавирусот во државта ја крена јавноста во САД, ќе биде посилен демократски противник за изборите во ноември од Бајден.
Гувернерот Кумо, се разбира, нема да се кандидира за Белата куќа, но, Трамп, почувствува потреба да даде коментар околу кандидирањето за престојните избори од страна на демократите сугестирајќи им дека гувернерот би претставувал посилен избор од поранешниот потпретседател, Бајден.
„Не ми пречи да трчам против Ендрју. Јас го познавам него долго време. Не би ми пречило тоа, но јас ќе бидам искрен, мислам дека тој ќе биде подобар кандидат од заспаниот Џо“, рече Трамп на телевизијата „Фокс њуз“.
„Сега, во секоја анкета се вели дека јас ќе победам, затоа што вие велите Куомо дека добил добри оценки, но и јас добив одлични оценки за тоа што го направивме во однос на пандемијата. Одлични оценки, па дури и од страна на скоро секој демократски гувернер, така и јас добив одлични оценки, но ние сакаме секогаш да бидеме сигурни дека имаме одличен претседател и некој кој е способен. Јас лично не мислам дека Џо Бајден е способен “, додаде Трамп.
Додека демократскиот кандидат за претседател на САД, Бајден држеше предизборни брифинзи во неговиот дом во Делавер, гувернерот Куомо доминираше на медиумите нарекувајќи го претседателот неодговорен и дека е виновен за ширење на пандемијата.
Трамп на обвинувањата на Куомо возврати со зборовите: „Тој не обвинуваше, а ние му дадовме помош и го направивме да биде успешен“, потенцирајќи дека без неговата помош тој не би успеал.