Трамп: Ќе заштедиме милиони долари од воените вежби и ќе се намали напнатоста со Северна Кореја

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп, коментирајќи ја одлуката на САД и Јужна Кореја да стават крај на годишните заеднички воени вежби, кои се изведуваат на Корејскиот полуостров, рече дека тие вежби не ги сака не само поради заштеда, туку и за подобри односи со Северна Кореја.

– Причината поради која не ги сакам воените вежби со Јужна Кореја е за да заштедам стотици милиони долари за САД, кои не се надоместуваат. Тоа беше мојата позиција многу порано пред да станам претседател. Исто така, намалувањето на напнатоста со Северна Кореја во овој момент е добра работа, напиша Трамп на Твитер.

Вршителот на должност американски секретар за одбрана Патрик Шенахан и јужнокорејскиот министер за одбрана Џонг Кјонг-до во телефонски разговор одлучиле да стават крај на заедничките вежби, се наведува во соопштението на Пентагон.

Во него се додава дека е договорено блиската координација на воените активности и натаму да биде поддршка за дипломатските напори.

Одлуката за крај на вежбите е донесена три дена по вториот самит на претседателот Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун во Виетнам, кој заврши без договор за решавање на севернокорејската нуклеарна криза.

Јужнокорејското Министерство за одбрана објави слично соопштение.

Северна Кореја повеќе пати остро ги осудуваше заедничките вежби на САД и Јужна Кореја, како агресивна провокација и вежбање за војна.

Завршувањето на воените вежби може да се смета за гест на добра волја за продолжување на преговорите со Северна Кореја и покрај неуспешниот самит во Ханој, наведува „Гласот на Америка“.

 

 

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија