Трамп: Ќе ја напуштам функцијата ако колеџот на електори гласа за Бајден

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа на брифинг за новинарите во Белата куќа изјави дека ќе ја напушти функцијата ако колеџот на електори гласа за неговиот противкандидат Џо Бајден.

По видео конференција со претставници на американската армија во чест на Денот на благодарноста, Трамп беше прашан дали ќе замине во случај гласањето на колеџот да не е во негова полза.

-Секако дека ќе го сторам тоа. Знаете дека ќе го сторам, изјави тој.

Тој, сепак, не ја признава победата на Џо Бајден, и во однос на можната судска разрешница со оспорување на изборниот резултат во повеќе држави кажа дека „многу работи можат да се случат од сега до 20 јануари“.

На 20 јануари 2021 година е закажана инаугурацијата на новоизбраниот претседател на САД. За победник на неодамнешните избори во САД главните амњрикански медиуми го прогласија демократот Џо Бајден.

Трамп најави дека во сабота оди во Џорџија да ја поддржи кампањата на републиканските сенатори Дејвид Пердју и Кели Лофлер, кои одат на втор круг гласање на конгресните избори на 5 јануари.

Изјави дека на изборите во оваа држава „луѓето беа ограбени“, откако претставниците на државата ја потврдија победата на Бајден. Државниот секретар на Џорџија, Бред Рафенспергер, за него е „предавник“.

Во авторски текст објавен во „Ју-ес-еј тудеј“, Рафенспергер напиша дека претседателот Доналд Трамп ги изневерил. „Јас и моето семејство гласавме за него, дониравме за него, а тој не турна под автобус…“ Според него, гласањето во Џорџија било мазно и успешно.

Адвокатскиот тим на претседателот доживеа пораз откако државите Пенсилванија, Мичиген и Џорџија неделава ја сертифицираа победата на Бајден.

Адвокатите се уште се обидуваат да ги оспорат тие резултати. Трамп изјави дека е невозможно Бајден да добие 80 милиони гласови ако гласањето не било изманипулирано, и завчера уште еднаш повтори дека тој ги добил изборите.

-Овие избори беа наместени и не смееме тоа да го дозволиме. Не смееме да го дозволима на нашата земја, рече тој на јавно сослушување во Пенсилванија во средата, откако државата ја потврди победата на Бајден.

Тимот адвокати предводен од Руди Џулијани, поранешен градоначалник на Њујорск, смета дека „главното средство“ за наводната изборна измама било гласањето преку пошта.

Би можело да ве интересира

Меланија Трамп лансира сопствена криптовалута

ВИДЕО: Радикални промени уште на првиот ден, кои се ветувањата на Трамп

Катерина Ѓуровски

Трамп дефинитивно го спасува ТикТок: Во понеделник тој ќе потпише налог за продолжување на исклучувањето

(ВИДЕО) Масновните рации и депортации, Трамп ќе ги почне уште првиот ден: Чикаго прв на удар

Катерина Ѓуровски

ТикТок објави дека од утре престанува да работи во САД

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Инагурацијата на Трамп преместена на затворено, оди и Мицкоски

Катерина Ѓуровски