Трамп: Ќе има значително помалку жртви од коронавирус од предвиденото

Од:

Американскиот претседател Донад Трамп изјави дека се очекува бројот на жртви од коронавирус во САД да биде значително помал од првичните проценки кои укажуваа дека во земјата може да починат околу 100.000 луѓе.

„Спасивме толку многу животи во споредба со она што можеше да биде. Кажуваа дека ќе има минимум 100.000 жртви. Ќе видиме што биде на крајот. Кажуваа помеѓу 100.000 и 2,2 милиони ако не сторевме ништо, рече Трамп на прес- конференција во Белата куќа.

Тој додаде дека САД се во „многу добра состојба“ кога станува збор за подготовките за ширење на коронавирусот.

„Одлична е состојбата со заштитна опрема“, рече Трамп и додаде дека гувернерите не испраќаат барања за помош.

Тој информира дека во САД дневно се прават 100.000 тестови и дека досега се тестирани два милиона луѓе.

Во однос на намалувањето на рестриктивните мерки истакна дека тоа нема да го стори се додека не биде сигурен дека „земјата е здрава“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја