Трамп ќе го назначи Роберт О’Брајан на местото на Болтон

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ќе го назначи Роберт О’Брајан за наследник на отпуштениот советник за национална безбедност, Џон Болтон.

– Задоволство ми е да објавам дека ќе го назначам Роберт Ц. О’Брајан, кој во моментов успешно работи во Стејт департментот како специјален претставник на прашања за заложници, за нов советник за национална безбедност. Јас работев со Роберт долго време и сметам дека ќе направи одлична работа, напиша Трамп на Твитер.

О’Брајан има долгогодишно искуство во републиканските кругови за надворешна политика.

На 10 септември Трамп го отпушти Болтон поради, како што нагласи, големо несогласување за голем број прашања.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски