Кина работи заедно со САД за решавање на севернокорејскиот проблем, изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп.
Според западни медиуми, со тоа Трамп веќе не го користи изразот за Кина „валутен манипулатор“.
– Зошто да ја нарекувам Кина валутен манипулатор кога ти е работат со нас за севернокорејскиот проблем? Ќе видиме што ќе се случи!, напиша Трамп на Твитер.
Why would I call China a currency manipulator when they are working with us on the North Korean problem? We will see what happens!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) April 16, 2017