Трамп: Кина нема да ме испровоцира бидејќи Си знае дека сум луд

Од:

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Кина нема да се осмели да го провоцира бидејќи претседателот Си Џинпинг знае дека републиканскиот кандидат е „луд“.

Во разговор со уредничкиот одбор на Волстрит журнал, Трамп рече дека доколку биде избран за претседател следниот месец, ќе воведе царини за Пекинг доколку дојде до блокада на кинескиот регион Тајван.

Трамп рече дека нема да мора да употреби сила за да спречи блокада на островот бидејќи Си „го почитува и знае дека е луд“.

„Имав многу добар однос со него. Беше навистина добар, не сакам да кажам пријател, не сакам да звучам глупаво, но одлично се согласував со него“, рече Трамп за Си.

Поранешниот американски претседател позитивно го оцени и неговиот однос со рускиот претседател Владимир Путин, велејќи дека „одлично се сложувал“, пишува Би-Би-Си.

Би можело да ве интересира

Харис: Трамп нема доволно сила за нов мандат во Белата куќа

Горан Наумовски

Трамп: Мислам дека смртта на Синвар ги олеснува изгледите за мир во Газа

Трамп: Зеленски никогаш не требаше да дозволи војната да започне

Трамп одби да каже дали разговарал со Путин, но смета дека би било паметно да го стори тоа

Избори во САД 2024: Вооружен маж уапсен пред митингот на Трамп во Калифорнија

Русија и Иран формираат сојуз, Америка е загрижена