Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер напиша статус за севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун, за кој во последно време често се шпекулираше дека е болен или починат.
– Ким Џонг-Ун е во добра здравствена состојба. Никогаш не го потценувајте!, напиша Трамп на Твитер, без никакво објаснување за тоа од каде му е информацијата за здравјето на Ким.
Kim Jong Un is in good health. Never underestimate him!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) September 10, 2020
Кога изминатата пролет севернокорејскиот лидер ја пропушти прославата на Денот на сонцето, со која се слави раѓањето на државата и на неговиот дедо, бројни медиуми шпекулираа за неговото здравје. Повикувајќи се на кинески и јужнокорејски извори, медиумите шпекулираа дека тој е сериозно болен и закрепнува од операција на срцето. Но, тој потоа се појави по дваесетина дена на отворање на фабрика.
На почетокот на овој месец, некои западни медиуми објавија дека Ким Џонг-Ун е во кома, а се споменува дека и неговата сестра Ким Јо-Џонг исто така не е видена подолго време.