Трамп: Кандидатот за Врховниот суд на САД ќе биде жена

Од:

Претседателот на САД, Доналд Трамп, најави дека следната недела ќе номинира жена што ќе ја наследи починатата Рут Бадер Гинзберг во Врховниот суд на САД.

– Името на кандидатот ќе го објавам следната недела. Тоа ќе биде жена, рече Трамп на предизборен митинг во Северна Каролина.

– Мислам дека би требало да биде жена, затоа што жените многу повеќе ми се допаѓаат од мажите, додаде Трамп.

Американскиот претседател го повика Сенатот, во кој републиканците имаат мнозинство, „без одлагање“ да го разгледаат неговиот кандидат за судија на Врховниот суд, со цел да се пополни местото што остана празно по смртта на судијката Рут Бадер Гизнберг.

– Ние сме ставени во оваа позиција на моќ и значење за да донесуваме одлуки во име на граѓаните кои гордо не избраа, а долго време се верува дека најважната од тие одлуки е избор на судии на Врховниот суд. Ние ја имаме оваа обврска, без одлагање, напиша Трамп на Твитер.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина