Трамп: Ја завршивме војната во Газа

Од:

Претседателот на САД, Доналд Трамп, на состанок на кабинетот во Белата куќа изјави дека е постигнат „историски успех“ на Блискиот Исток.

„Ја завршивме војната во Газа и всушност, во многу поголем обем, создадовме мир. Мислам дека тоа ќе биде траен мир, се надевам вечен мир“, рече Трамп.

Тој додаде дека преостанатите заложници треба да бидат ослободени „во понеделник или вторник“.

„Нивното враќање е комплициран процес, тие се на места каде што не сакате да бидете“, рече тој.

Трамп нагласи дека тоа ќе биде „ден на радост“ и најави дека ќе се обиде да патува во регионот: „Одиме во Египет, каде што ќе имаме потпишување. Еден веќе е потпишан во мое име, но ќе направиме официјално потпишување“.

Би можело да ве интересира

Трамп: Херцог треба да се засрами што одби да го помилува Нетанјаху

Иранската телевизија објави „листа за отстрел“ на израелски функционери

Скај њуз: Документите на ФБИ сугерираат дека Трамп знаел за однесувањето на Епштајн

Трамп: Воведов царини за Швајцарија затоа што не ми се допадна тонот на премиерката

Макрон: Администрацијата на Трамп е отворено антиевропска и се стреми кон распаѓање на ЕУ

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Кој е креаторот на најжестоките политики на Трамп