Трамп ја помилува за нападот во Капитол, таа го одби: Погрешивме

Од:

Една од луѓето кои поминаа време во затвор за учество во немирите во Капитол пред четири години, го отфрли помилувањето од претседателот Доналд Трамп, велејќи дека „направиле грешка тој ден“. Памела Хемфил, која ја призна вината и беше осудена на 60 дена затвор, изјави за Би-Би-Си дека не треба да има помилување за немирите од 6 јануари 2021 година.

„Прифаќањето на помилувањето само ќе ги навреди полицајците од Капитол, владеењето на правото и, се разбира, нашата нација“, рече таа.

„Се изјаснив за виновна затоа што бев виновна, а прифаќањето на помилувањето само ќе придонесе за нивното искривување на вистината и лажниот наратив.

Хемфил, која го доби прекарот „Мега баба“ од корисниците на социјалните мрежи – алудирајќи на слоганот на Трамп „Make America Great Again“, рече дека ја гледа администрацијата на Трамп како обид повторно да се пише историјата, во која не сака да биде дел.

„Направивме грешка тој ден, го прекршивме законот – не треба да има помилување“, изјави таа за Њуздеј на Би-Би-Си.

Одлуката на Трамп да помилува или да ги ублажи казните на речиси 1.600 луѓе вклучени во обидот за насилно поништување на резултатите од изборите во 2020 година дојде само неколку часа по почетокот на неговиот претседателски мандат.

Тој на вчерашната прес-конференција во Белата куќа рече дека се во нехумани услови.

„Овие луѓе веќе поминаа години во затвор и ги поминаа на ужасен начин. Тоа е одвратен затвор. Беше ужасно. Нехумано. Беше страшна, страшна работа.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Израел им забрани на илјадници палестински христијани да влезат во Ерусалим за време на Велигден

Масовни протести на Американците против Трамп

Авион мораше итно да слета, патниците врескале: екипажот пријавил необично животно во моторот

Предраг Петровиќ

„САД се ограбени, тоа нема да се повтори“ рече Трамп на средба со Мелони

А1он