Трамп ја нападна Данска: Без нас, сите денес ќе зборуваа германски и јапонски, тие се неблагодарни

Од:

„Длабоко ни е грижа за Европа. Ужасно е што прават“, рече Доналд Трамп во својот говор во Давос.

„Имам многу почит кон граѓаните на Данска и Гренланд. Но, секоја членка на НАТО мора да може да ја брани својата територија. Ние сме единствената сила, голема сила, што може да го направи тоа. Ја видовме Данска како паѓа во 6 часот во Втората светска војна. Тие немаа шанса, а се обидоа. Се боревме да ја спасиме Данска, тоа големо, убаво парче мраз“, рече Трамп.

„Без нас, сите денес ќе зборуваа германски и јапонски. Потоа ѝ го дадовме Гренланд на Данска, каква грешка, колку се неблагодарни“, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

ВИДЕО: Трамп нарече глупак новинар кој го праша до кога ќе му попушта на Путин

(ВИДЕО) Републиканец покрена импичмент на Хегсет: Можеби сега ќе ги нарекува луѓето дебели и пе*ери“

(ВИДЕО) Трамп: Омразата меѓу Путин и Зеленски е главната пречка за мир, Украина ќе има поинакви граници

Трамп сакаше шефот на УФЦ да биде портпарол на Белата куќа, го одби

ВИДЕО: Новиот шеф на Белата куќа е креатор на најконтроверзните политики

Катерина Ѓуровски