Трамп: Ако нема Нобелова награда за мене, тогаш Норвешка да заборави на мирот

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп испрати скандалозно писмо до норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе со кое го информира дека „не се чувствува обврзан да работи исклучиво на мирот“, со оглед на тоа што „неговата земја одлучи да не му ја додели Нобеловата награда за мир“.

„Драг Јонас, со оглед на тоа што вашата земја одлучи да не ми ја додели Нобеловата награда за мир, иако сопрев најмалку осум војни, повеќе не се чувствувам обврзан да размислувам исклучиво за мир, иако мирот секогаш ќе преовладува, туку сега можам да размислувам за тоа што е добро и исправно за Соединетите Американски Држави. Данска не може да го заштити Гренланд од Русија или Кина. Зошто воопшто би имала „права на сопственост“?“, се вели во пораката на Трамп.

„Нема пишани записи; само еден брод се закотвил таму пред стотици години, но и ние таму сместивме бродови. Јас направив повеќе за НАТО од кој било друг човек од неговото основање, а сега НАТО треба да направи нешто за Соединетите Американски Држави. Светот не е безбеден ако немаме целосна контрола врз Гренланд. Ви благодарам!“, се вели во пораката на Трамп до норвешкиот премиер.

Норвешкиот дневен весник „Верденс Ганг“ ја објавува следната реакција од Сторе: „Можам да потврдам дека ова е порака што ја добив во недела попладне од претседателот Трамп. Таа дојде како одговор на кратката порака до претседателот што ја испратив претходно истиот ден во мое име и во име на претседателот на Финска, Александар Стаб.“

Пораката на Трамп, која стигна и до неколку европски амбасадори во Вашингтон, прв ја објави новинарот на PBS, Ник Шифрин. Пораката предизвика револт во Норвешка. Медиумите постојано истакнуваат дека норвешката влада нема никаква врска со доделувањето на Нобеловата награда.

Трамп очигледно не ја преболел одлуката на Нобеловиот комитет во декември да ја додели наградата за мир за 2025 година на венецуелската опозициска политичарка Марија Корина Мачадо, иако таа лично му го врачи златниот медал на Нобел во Вашингтон пред неколку дена.

Во меѓувреме, Нобеловиот комитет уште еднаш нагласи дека „оригиналниот лауреат останува во историјата како добитник на наградата, дури и ако медалот или дипломата подоцна дојдат во посед на некој друг“. Добитникот не може да ја сподели наградата со други, ниту пак може да се пренесе откако ќе биде доделена. Нобеловата награда за мир, исто така, никогаш не може да се одземе.

„Во пораката до Трамп, го пренесовме нашиот став против неговите тарифи насочени кон Норвешка, Финска и други земји. Ја нагласивме потребата од деескалација на размената на зборови и побаравме телефонски разговор меѓу Трамп, Стаб и мене во текот на денот. Одговорот на Трамп дојде кратко откако ја испративме пораката. Изборот на Трамп беше да ја сподели пораката со другите лидери во земјите од НАТО“, изјави Сторе за VG.

„Ставот на Норвешка за Гренланд е јасен. Гренланд е дел од Кралството Данска и Норвешка целосно го поддржува во ова прашање. Ние, исто така, ја поддржуваме одговорната зајакнување на работата на НАТО за безбедноста и стабилноста на Арктикот. Во врска со Нобеловата награда за мир, постојано му ставам до знаење на Трамп она што е добро познато, дека наградата ја доделува независен Нобелов комитет, а не норвешката влада“, заклучи тој.

Би можело да ве интересира

„Фајненшл тајмс“: ЕУ подготвува одмазда против САД

Трамп: Данска потфрли против руската закана, време е за решителна акција

Горан Наумовски

Нов ултиматум на Трамп до светот: Поддржете го американскиот Гренланд или ќе следат високи царини

Словенија влегува во „студената војна“ за Гренланд, испраќа двајца офицери

Предраг Петровиќ

Додека Трамп се бори за Арктикот, САД ја губи моќта на Антарктикот

„Политико“: Европа размислува како да го ограничи Трамп